Почеток МАКЕДОНИЈА Димитров удри по ЕУ: Потписникот на ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР го куди Брисел за НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТ

Димитров удри по ЕУ: Потписникот на ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР го куди Брисел за НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”. Ова го порача потписникот на Преспанскиот договор, коавтор на „Северна“ и претседател на “Солуција”, Никола Димитров на дваесет и седмиот Сими Симпозиум, оваа година под насловот “Парадоксот на Пандора”.

Човекот кој ја промовираше кампањата за ЗА и беше дел од парадоксалното референдумско прашање „Дали сте за промена на уставното име за ВЛЕЗ ВО ЕУ и НАТО“, сега се сети дека ЕУ не била праведна… И беше дел од ЕКИПАТА на Заев коај не го почитуваше рефререндумскиот ГЛАС НА НАРОДОТ.

Министерот на Зоран Заев зборуваше и за улогата на ЕУ на светската геополитичка сцена, потенцирајќи дека со политика на компромиси кога се клучните вредности во прашање, ЕУ си го подрива и сопствениот кредибилитет и своето значење во свет, кој станува мошне опасен и непредвидлив. Не кажа колкав „компромис“ и удар по Македонија и Македонците беше глупоста од Нивици, кој ги реотвори бугарските апетити кои кулминираа со ултра-буагрскиот Француски предлог.  Со Преспа, Софија сфати дека за Димитров и Заев не постои дно.

“Мислам дека многу европски лидери, со чест на исклучоци, не се свесни колку на долг рок ќе се одрази врз силата на ЕУ нивниот молк за Газа, на пример”, заклучи остроумно Димитров.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro