Раководството на хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб е подготвено да му понуди нов договор на македонскиот фудбалси интернационалец Стефан Ристовски.
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија игра одлично во дресот на Динамо, но набрзо му истекува договорот.
Во јануари, како што открива „Јутарњи“, Стефан Ристовски и Теофил-Катерин влегуваат во последните шест месеци од своите договори со хрватскиот клуб.
Спортскиот сектор на Динамо Загреб веќе го отворил прашањето за нивните договори и останување на „Максимир“, и ова наскоро ќе биде приоритет во плановите на Модрите.
The post Динамо не се откажува од нашиот Стефан Ристовски appeared first on Република.