Извршниот директор на американската технолошка компанија „Астрономер“, Енди Бајрон, беше испратен на принуден одмор откако видео од концерт на групата „Колдплеј“ (Coldplay) во Масачусетс, на кое се гледа како ја прегрнува колешката, стана вирално на социјалните мрежи.
„Астрономерот“ е посветен на вредностите и културата што нè водат од нашето основање. Од нашите лидери се очекува да го постават стандардот и во однесувањето и во одговорноста. Одборот на директори започна формална истрага за ова прашање и наскоро ќе имаме дополнителни детали за споделување“, се вели во соопштението на њујоршката компанија објавено на социјалните медиуми, пишува „CBS News“.
Ниту LinkedIn на Бајрон, ниту на Кабот не се активни од вчера попладне.
Во видео од концертот на стадионот Жилет, Бајрон беше виден на голем екран наречен „Џамботрон“ како ја прегрнува директорката за човечки ресурси на компанијата, Кристин Кабот.
Двајцата брзо се разделија и се обидоа да ги сокријат лицата кога сфатија дека се во кадарот.
Фронтменот на бендот, Крис Мартин, се пошегува за време на настапот, велејќи: „Воау, погледнете ги овие двајца. Или имаат афера или се многу срамежливи.“
Повеќето концертни места имаат знаци што ја информираат публиката дека може да бидат снимени за време на настанот. Ова е вообичаена практика, особено кога бендовите сакаат да користат настапи за музички видеа или концертни филмови.
Стадионот Жилет, исто така, има политика за приватност во која се наведува:
„Кога ја посетувате нашата локација или присуствувате или учествувате во настан на нашата локација, може да ве снимаме, вклучително и со користење на CCTV камери.“
The post Директорот на компанијата „Астрономер“ е на принуден одмор откако се појави видео на кое се прегрнува со колешка appeared first on Локално.