Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Директорот на НП Пелистер и уште петмина „на диво“ сечеле молика и ја продавале

Директорот на НП Пелистер и уште петмина „на диво“ сечеле молика и ја продавале

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Обвинителството од Битола поднесе обвинителен предлог против петмина и јавната установа националн парк Пелистер, за сторено кривично дело ,,пустошење шума,, бидејќи сечеле незаконски шума на местото викано ,,голема шума,,

,,Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк „Пелистер“ бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер,, соопштуваат од обвинителството

Директорот на  Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста во работењето на Националниот парк, информираат од ОЈО.

Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк „Пелистер Битола“ во износ од 1.752.287 денари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro