6
Италијанскиот тенисер Јаник Синер помина низ тежок период во кариерата, откако доби два позитивни допинг-теста, но и покрај тоа не се предава. Синер вели дека добил голем број напади од неговите колеги, а само ретки му дале поддршка во најтешкиот период од животот.
„Иако имав два позитивни тестови во март, веста се појави пред почетокот на САД Опен. Мојот план беше да почнам со тренинзи во среда, а веста се појави во вторник. Во глава ми поминаа многу мисли, но дознав кои од играчите ми се пријатели“, кажа Синер.
Италијанецот освои многу титули оваа сезона и во моментов е недопирлив на првото место на АТП-листата.