Партијата ДОМ – Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН-изомери во поранешната фабрика ОХИС АД. Имаше изјави од министрите за животна средина за неа, дека ќе се расчисти до почетокот на 2023 година.
Дополнително обезбедените средства на 27. седница (23.10.2024) на Владата, во висина од 27.453.000 денари (400.000 евра), се минорни за целосно расчистување. УНОПС, како имплементациска агенција што имаше обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија, досега не обезбеди средства и ДОМ очекува Владата да предвиди во буџетот за 2025 година средства за, конечно, расчистување на малата депонија за да се намали влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина во Скопје, се вели во соопштението до медиумите.