Почеток ЕКОНОМИЈА Досега беа поднесени само 6.607 ДДВ пријави од очекуваните 40.975

Досега беа поднесени само 6.607 ДДВ пријави од очекуваните 40.975

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25 октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

– До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина – известија од УЈП.

Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки.

– Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето info@ujp.gov.mk. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите – потенцираат од УЈП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro