Руските власти заробија 18 севернокорејски војници кои ги напуштија своите позиции во рускиот Курски регион, изјави денеска за „Киев Индипендент“ извор од украинската воена разузнавачка служба.
Пјонгјанг се подготвува да распореди околу 11.000 војници за помош во војната против Украина на почетокот на следниот месец, соопшти Киев, додавајќи дека некои веќе пристигнале.
Осумнаесет од нив ги напуштија своите позиции во руските региони во близина на украинската граница, објави пред една недела украинската телевизија „Суспилне“, повикувајќи се на неименувани разузнавачки претставници.
Пристигнале 40, а 18 ги напуштиле позициите каде останале без храна и инструкции, наведе телевизијата.
A new threat has emerged – the malign alliance between Russia and North Korea. I am grateful to the leaders and representatives of nations who refuse to turn a blind eye and speak openly about this dangerous collaboration aimed at increasing the scale of the war. About the supply… pic.twitter.com/3k70A8T7AF
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 20, 2024
Други украински медиуми, повикувајќи се на извори во воено разузнавање, јавија дека околу 40 севернокорејски војници пристигнале во Русија за да разменат знаење со нивните руски колеги.
#BREAKING North Korea sending soldiers to provide support to Russia in Ukraine would be “a significant escalation”, NATO chief Mark Rutte warns Monday pic.twitter.com/hlt7r7Qe03
— AFP News Agency (@AFP) October 21, 2024
По обуката, 18 Севернокорејци неколку дена биле оставени без храна и инструкции во шума во Курскиот регион, што довело до тоа на 14 октомври да ја напуштат својата борбена позиција за да пронајдат руска команда.
Украинските медиуми пренесуваат дека два дена подоцна, руските власти ги пронашле и ги привеле исчезнатите војници на приближно 60 километри од нивната првобитна позиција.