Почеток МАКЕДОНИЈА Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски, на деветтата Конференција за миграција

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски, на деветтата Конференција за миграција

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски денеска и утре (22-23 октомври 2024) учествува на годишната Конференција за миграции во Виена (Vienna Migration Conference) во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики – ИЦМПД.

На деветтата Виенска конференција за миграции присуствуваат повеќе од 250 носители на одлуки, владини претставници, експерти од областа на миграцијата, меѓународни организации, академската заедница и цивилното општеството кои прават напори за поврзување на миграциските текови со најсоодветните стратешки политики и решенија.

На конференцијата македонската делегација учествува во дискусијата за продолжување на заложбите за справување со нерегуларната миграција, како и за активностите во однос на почетокот на имплементацијата на ЕУ Пактот за миграција и азил.

На маргините на Конференцијата државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски ќе оствари билатерална средба со генералниот директор на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер, а договорени се повеќе билатерални средби со истакнати владини претставници и министри кои учествуваат на конференцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro