Почеток МАКЕДОНИЈА ДУИ: ВРЕДИ само потврди дека му служи на српско-бугарскиот монопол и на Климовски во коцкарската индустрија

ДУИ: ВРЕДИ само потврди дека му служи на српско-бугарскиот монопол и на Климовски во коцкарската индустрија

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Демократската унија за интеграција денес откри скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите. Коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската компанија „Казино Австрија“ го финансираше новиот директор на Лотаријата со над 140.000 евра, додека за себе имаат добиено над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните“ соопштија попладнево од опозициската партија.

„Во одбрана на приватната српско-бугарска компанија Казино Австрија, како што очекувавме, вредно излезе ВРЕДИ. Вреди и босот на урбаната мафија Изет МегаВин Меџити се ставија во целосна услуга на монополот на приватната српско-бугарска компанија Казино Австрија и директорот на лотаријата Александар Климовски во коцкарската индустрија бидејќи се финансирани од нивните валкани пари“ велат од ДУИ.

Од партијата со став: „Вреди, Изет МегаВин Меџити и Арбен Таравари, именуваа за заменик директор на Лотарија, не затворија ниту едно казино, кладилница, слот клубови, дури ниту онлајн коцкањето, гласаа против нивното затворање во Собранието и продолжуваат слепо да и служат на коцкарската индустрија“.

Текстот ДУИ: ВРЕДИ само потврди дека му служи на српско-бугарскиот монопол и на Климовски во коцкарската индустрија е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro