Почеток МАКЕДОНИЈА ДУИ го обвинува Мицкоски за говор на омраза и исклучување на Албанците

ДУИ го обвинува Мицкоски за говор на омраза и исклучување на Албанците

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Демократската унија за интеграција реагираше на однесувањето и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за владини неуспеси и употреба на говор на омраза како единствена политичка алатка. Според ДУИ, во отсуство на конкретни резултати, Мицкоски и неговата партија избрале да ги поделат граѓаните преку меѓуетничка реторика и исклучување на Албанците од државниот дискурс.

-Додека Христијан Мицкоски продолжува со извици, навреди и провокации, граѓаните јасно гледаат дека единствената „програма“ што му останала во услови на неуспеси е омраза, презир и исклучување на Албанците, се вели во соопштението.

Од партијата велат дека за време на нивното владеење со државата, земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост.

-Мицкоски и неговата партија, од друга страна, отсекогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција. Тие секогаш биле против секој стратешки напредок на државата,  од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ.

Денес, освен стратешкиот, го изгубија и моралниот компас. Штитејќи ги  своите луѓе вмешани во трагедијата во Кочани, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците. Потценувањето и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесе неколку радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок тој сее семе на поделба што ќе тежи врз идните генерации.

Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија времето на вазалството меѓу Албанците.

Но, со тоа  само ја зацврстија убеденоста на секој Албанец дека честа и достоинството на нашиот народ не можат да бидат згазени од задоцнети националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од вазали кои станаа срам за народот, порачуваат од партијата, додавајќи дека наредните избори стануваат референдум против изолирана, поделена и корумпирана Македонија.

Премиерот вчера порача дека политиката на СДСМ и коалицијата е политика без вредности, оти тоа, рече, се национално исплакнати луѓе, кои ги интересира само материјалното, парите и моќта и оти би потпишале и прифатиле се само да бидат оставени на власт или повторно да ја освојат. Тој се осврна и на ДУИ, која беше дел од претходната влада, и потсети оти го исполниле своето ветување оти оваа партија нема да биде дел од новата влада туку опозиција.

The post ДУИ го обвинува Мицкоски за говор на омраза и исклучување на Албанците appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro