Демократската унија за интеграција најостро го осудува денешниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.
„Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава. Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија“, велат од Демократската унија за интеграција.
ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот.
„Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата“, се додава во соопштението.
The post ДУИ најостро го осудува нападот врз Арсовска: Toa e напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава appeared first on Локално.