Почеток МАКЕДОНИЈА ДУИ не излегува на протести поради ниските температури, смета Таравари

ДУИ не излегува на протести поради ниските температури, смета Таравари

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари со свој став околу излегувањето на раководството на ДУИ на средби со граѓаните.

-Им препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некридибилни луѓе меѓу нив, им треба и адаптација во опозиција. Прво беа протести, но поради ниските температури одлучија да се сретнат со граѓаните. Убаво е, нека се сретнат, рече денеска Таравари.

Според него, ВЛЕН континуирано се среќава со граѓаните и смета дека тоа е задолжение на сите партии.

-Не требаше да прават толку долга апститенција од 4 месеци да не се видат со граѓаните, додаде членот на ВЛЕН за политиките на партијата на Али Ахмети.

Од ДУИ вчера соопштија дека ќе се одржуваат отворени седници на претседателството на партијата по партиските ограноци. За протести не било дискутирано иако и тоа е дел од агендата, информираше портпаролот Арбр Адеми по завршувањето на седницата на централното претседателство на ДУИ.

На новинарско прашање дали најавената поддршка за уставни измени значи и прифаќање на идејата да се смени Уставот, но со одложено дејство, Адеми рече дека тоа претставува оддалечување од стратешките цели.

The post ДУИ не излегува на протести поради ниските температури, смета Таравари appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro