Почеток ЕКОНОМИЈА ДУРМИШИ: До 1 360 денари заштеда од есенската кошничка

ДУРМИШИ: До 1 360 денари заштеда од есенската кошничка

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки, истакна министерот.

Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените.

Дурмиши исто така најави и Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,… Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro