Почеток СВЕТ Егзотичната Куба се распаѓа, милиони луѓе се во мрак!

Егзотичната Куба се распаѓа, милиони луѓе се во мрак!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кубанските напори за враќање на струјата на островот пропаднаа по третпат, соопштија кубанските власти непосредно пред полноќ, оставајќи милиони во темнина и поставувајќи нови прашања за одржливоста на напорите на Владата да ја врати моќта.

Националната електроенергетска мрежа на Куба се прекина за првпат околу пладне во петокот, откако најголемата електрана на островот престана да работи. Мрежата повторно падна во саботата изутрина, објавија државните медиуми.

До раните вечерни часови, властите пријавија одреден напредок во обновувањето на снабдувањето пред да објават дека мрежата повторно паднала.

– Вечерва во 22:25 часот, националниот електроенергетски систем повторно беше целосно исклучен – објави компанијата „Хавана електрик“ на „Телеграм“, доцна во саботата.

Објавата подоцна беше отстранета од каналот „Телеграм“ на компанијата. Веднаш не беше јасно зошто е отстранета објавата, а милиони луѓе сè уште беа без струја во неделата изутрината.

Кубанското Министерство за енергетика, веднаш по објавата на „Хавана електрик“, соопшти дека работи на обновување на системот, додавајќи дека имало „уште еден прекин“ во „западниот потсистем“, кој го опфаќа главниот град Хавана.

– Процесот на повторно воспоставување на електричната мрежа е сложен – објави Министерството на мрежата X.

Третиот колапс на мрежата означува голем неуспех во напорите на Владата брзо да им ја врати електричната енергија на исцрпените жители, кои веќе страдаат од голем недостиг на храна, лекови и на гориво.

Новинарите на „Ројтерс“ беа сведоци на два мали протеста во текот на ноќта, едниот во Маријана, а другиот во областа Куатро Каминос во Хавана.

На социјалните мрежи, доцна во саботата, почнаа да се појавуваат разни видеа од протести во други делови на главниот град.

Интернет-сообраќајот драстично опадна на Куба во саботата, според групата за мониторинг на Интернет „NetBlocks“, бидејќи големите прекини на струја ги оставија повеќето жители на островот без полнење на телефоните и без поврзување на Интернет.

– Податоците од мрежата покажуваат дека Куба е во голема мера офлајн, бидејќи го доживеа второто затемнување во целата земја – соопшти „Netblocks“ во саботата.

Дури и пред прекинот на мрежата, сериозниот недостиг на електрична енергија ја принуди кубанската комунистичка Влада да ги испрати дома владините работници и да ја откаже наставата на училиштата во петокот, бидејќи се обидуваше да заштеди гориво за производство на електрична енергија.

Владата, како причина за ваквата состојба и за недостигот на струја на островот по 10 до 20 часа дневно, ги посочи влошената инфраструктура, недостигот на гориво и зголемената побарувачка за електрична енергија.

Куба, исто така, го обвинува американското трговско ембарго, како и санкциите наметнати од поранешниот претседател Доналд Трамп, за тековните тешкотии при набавката на гориво и на резервни делови за работа и за одржување на нафтените капацитети.

САД негираат каква било улога во падот на електромрежата на Куба.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro