Албанскиот премиер Еди Рама објави снимка од уривање на дивоградби во Тирана, а ги соопшти и плановите на властите за справување со преостанатите дивоградби во земјата.
„Според работниот план, само во Тирана, ослободената површина на јавните површини ќе достигне околу 20 илјади квадратни метри до утре, додека работата нема да запре ниту во главниот град, ниту во другите градови каде што овој феномен се случувал, ниту на крајбрежјето или во заштитените подрачја, не, не… Во меѓувреме, се работи на проектите „Урбана ренесанса 2.0“, за кои се ангажирани многу странски и локални архитекти“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Што се однесува до поставувањето маси на јавен простор, новиот план наскоро ќе им биде даден на сите, со основна формула од 75% простор за пешаци и 25% за услужни единици. Во овој аспект нема да биде дозволен никаков вид структура изградена на тротоари, освен во случаи на доволно простор и само таму каде што има вистински урбанистички проект, најави премиерот на Албанија.
The post Еди Рама објави видео од рушењето на дивоградбите, само во Тирана, ослободената површина на јавните површини ќе достигне околу 20 илјади квадратни метри до утре appeared first on Локално.