Почеток СВЕТЕднаш не му дозволиле влез, вториот пат Мароканец влегол во Хрватска – на педалинка!

Еднаш не му дозволиле влез, вториот пат Мароканец влегол во Хрватска – на педалинка!

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Марокански државјанин бил уапсен вчера наутро од хрватската полиција на полуостровот Превлака поради незаконски влез во Хрватска, јавија хрватските медиуми. Тој во Хрватска дошол од Црна Гора – на педалинка!

Откако стигнал на полуостровот, полицијата бргу го пронашла и идентификувала 53-годишниот Мароканец. Бидејќи во пасошот немал виза за Европската економска зона ниту граничен хрватски штембил, извршена е уште една проверка, при што е откриено дека тој се обидел да влезе во Хрватска и на 7 јули, но тоа не му било дозволено поради неисполнети услови.

The post Еднаш не му дозволиле влез, вториот пат Мароканец влегол во Хрватска – на педалинка! appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа