Почеток СПОРТ Елена Петрова на подиум во Турција: Горда сум што ги бранев боите на Македонија!

Елена Петрова на подиум во Турција: Горда сум што ги бранев боите на Македонија!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и на хронометар трки, Елена Петрова (31), го освои третото место на годинашното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое се одржа во турскиот град Едрене.

Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, таа успеа да ја заврши делницата од 25.3 километри на одличното трето место, со задоцнување од само 42 секунди зад првопласираната.

  • Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката бараше многу, но јас сум во одлична кондиција и успеав да го дадам максимумот од мојот потенцијал и да завршам на позицијата број три во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките што следуваат – истакна Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro