Почеток СПОРТФудбалЕнди Диуф од Ленс во Интер

Енди Диуф од Ленс во Интер

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Интер успеа да донесе едно од двете планирани засилувања пред крајот на преодниот рок, ангажирајќи го играчот од средниот ред на Ленс, Енди Диуф (22), јавија денеска италијанските медиуми.

Диуф, кој играше за француската репрезентација до 21 година, треба да потпише петгодишен договор со Интер, а енс ќе добие 20 милиони евра отштета, плус уште пет милиони потенцијални бонуси.

Диуф потекнува од фудбалската академија на Рен, а својата сениорска кариера ја почна во швајцарски Базел.

Ленс го купи за 14 милиони евра пред две години.

За Диуф беа заинтересирани и Наполи и Вест Хем.

Интер има намера да доведе и еден централен дефанзивец до крајот на преодниот рок, а двајца играчи остануваат на списокот: Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севиља.

Можно е и ова да ти се допаѓа