Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека целта на Турција е да ја развие својата „челична купола“, односно сеопфатен систем за воздушна одбрана, додавајќи дека официјална Анкара ќе го зголеми и својот арсенал на ракети со долг дострел.
„Сега имаме многу подобро разбирање за тоа колку се витални сеопфатните системи за воздушна одбрана за нашата безбедност. Ако тие (Израел) имаат „железна купола“, ние ќе имаме „челична купола“. Нема да ги гледаме и да се прашуваме зошто немаме“, рече Ердоган, без да наведе конкретна временска рамка, пренесува Ројтерс.
Ердоган рече дека Турција ќе го зголеми својот арсенал на ракети со долг дострел.