Почеток СВЕТ Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Еден од најдобрите одговори на „ционистичката агресија“ врз Газа и Либан би бил што повеќе земји да ја признаат државата Палестина, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој ја истакна суштинската потреба исламскиот свет да ги остави настрана несогласувањата и да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ во нивната, како што рече, праведна борба против израелската агресија, јавува Anadolu Agency.

Говорејќи на отворањето на 40. седница на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка (COMCEC) на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, Ердоган повторно посочи дека во Газа се случува еден од најбруталните геноциди на векот.

Текстот Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro