Почеток СВЕТ Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот и траен мир меѓу Русија и Украина, му рекол денеска во телефонски разговор турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Ердоган.

Тој изјави дека е постигната историска пресвртница на патот кон завршување на војната меѓу Русија и Украина, дека оваа можност треба да се искористи и дека Турција е подготвена да даде секаков придонес, вклучително и организирање преговори, со цел да се обезбеди прекин на огнот и траен мир, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган и Макрон разговарале и за билатералните односи на двете земји, како и за голем број регионални и глобални прашања, се наведува во соопштението.

Текстот Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro