Советникот за медиуми на хуманитарната агенција на ОН за помош на палестинскуте бегалци (UNRWA), Аднан Абу Хасна, вчера изјави дека одлуката на Израел да ја забрани работата на организацијата ќе значи колапс на хуманитарниот процес во целина.
Хасна ја опиша одлуката како „ескалација без преседан“.
Доцна во понеделникот израелскиот парламент усвои два закони со кои се забранува работата на Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци (UNRWA) во Израел.
UNRWA обезбедува образование, здравство и хуманитарна помош за милиони Палестинци во Газа, Западниот Брег, Јордан, Либан и Сирија.
По нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, Израел тврдеше дека во него учествувале и некои вработени во UNRWA.
Израел, исто така, тврди дека агенцијата вработува членови на Хамас.