Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и официјално го претстави Мохамед Мамдух Шебиб. Египетскиот кружен напаѓач доаѓа од Кувајт, а во својата кариера има многу европски настапи и трофеј во Лигата на шампионите со Монпелје во 2018 година.
Шебиб пристигна во Битола и стави потпис на договорот. Тој веќе позираше и со дресот на македонскиот првак. Египќанецот во својот ракометен пат беше дел од повеќе европски клубови, играше и во Африка и Азија, а зад себе има и богата репрезентативна кариера. Мохамед Мамдух Шебиб (35) ќе биде регистриран за следните предизвици на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите.