Почеток СПОРТЕурофарм Пелистер подобар од Вардар во загревањето за новата сезона

Еурофарм Пелистер подобар од Вардар во загревањето за новата сезона

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Првото големо макеоднско ракометно дерби межу Еурофарм Пелистер и Вардар го добија битолчани. Во натпревар од меѓународниот тунрит во Охрид, шампионот Еурофарм Пелистер славеше над скопски Вардар со 28-23.

Иако на мечот двата тима настапија без неколкумина свои клучни играчи, љубителите на ракометот имаа можност да видат борбен ракомет.

Воведниот дел мина во израмнета игра се до 5-5, кога зелено-белите направија серија од 5-1 и поведоа со најголеми четири гола разлика (10-6). Во финишот вардарци успеаја да ја преполоват негативата, на Пелистер на одмор замина со +2 (12-10).

Во вториот дел вардарци брзо го надополнија и тоа, па успеаја да израмнат на 12-12. Сепак шампионот повторно влезе во низа од три гола, што придонесе за нербоза во редовите на вардарци. Петте исклучувања на скопјани во краток временски период придонесоа пелистерци во 44.минута да поведат со шест разлика (21-15). Сепак најголемата предност на зелено-белите изнесуваше седум голови во два наврати.

На крајот Еурофарм Пелистер заслужено славеше победа со пет разлика 28-23. Сепак за пласман во финалето на овој турнир на битолчани утре ќе им треба победа над српскиот Динано Панчево, за да не зависи од дуелот меѓу Вардар и Тримо Требње.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Еурофарм Пелистер подобар од Вардар во загревањето за новата сезона appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа