Почеток СВЕТЕУ го договори 18. пакет санкции против Русија – се затвора и „Северен Поток“

ЕУ го договори 18. пакет санкции против Русија – се затвора и „Северен Поток“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјите-членки на ЕУ денеска се договорија за воведување на 18. пакет санкции против Русија поради војната во Украина, надминувајќи го ветото од Словачка што се завлечка веќе еден месец. Со нив се забранува и користењето на гасоводот „Северен Поток“.

Словачка повторно го блокира 18. пакет санкции за Русија, Унгарија ќе бара санкции за Украина

Новите казнени мерки се насочени против приходите на руската енергетика и значително ја зголемува бројката руски банки што нема да смее да соработуваат со Европа.

Со овој пакет санкции првпат се воведува и целосна забрана за користење на гасоводот „Северен Поток“, што главно ја снабдува Германија.

Исто така се предвидува и максималната цена што субјекти од ЕУ може да ја плаќаат за руска нафта од досегашните 60 американски долари да се снижи на 47,6 долари за барел.

„ЕУ тукушто одобри еден од најсилните пакети санкции против Русија досега“, напиша еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас на Х.

 

The post ЕУ го договори 18. пакет санкции против Русија – се затвора и „Северен Поток“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа