Почеток ЕКОНОМИЈАЕУ се подготвува за одговор на царините од Трамп: Ако сака војна, ќе добие војна!

ЕУ се подготвува за одговор на царините од Трамп: Ако сака војна, ќе добие војна!

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Европската Унија (ЕУ) подготвува нови економски контрамерки за САД, откако американски функционери на преговарачите од ЕУ им кажале дека Доналд Трамп, претседателот на САД, сака да воведе уште повисоки санкции – најверојатно 15% и нагоре – на најголемиот дел европски стоки. Тоа е значително над 10% основна царина за која преговараа двете страни.

Во своите јавни настапи во последниве денови, Трамп јавно се закануваше и со царини од цели 30%!

Како што пишува „Волстрит Џурнал“, лидерите на ЕУ биле изненадени, бидејќи сметале дека работите одат кон брзо постигнување договор за претходно наведената основна царина од 10%. Но по сознанието дека тоа на Трамп му е малку, Германија – досега една од поблагите странки во поглед на царините – застанала на страната на Франција и бара поцвртст одговор. Односно, како што еден неименуван извор од Германија рекол за весникот: „Ако сакаат војна, ќе добијат војна!“.

Сега ЕУ подготвува одмазднички план што го надминува основниот принцип „исто за исто“. Се планираат нови такси за дигитални услуги, ограничувања на количеството на увоз и дури примена на досега некористениот инструмент на ЕУ „инструмент против присила“.

1 август е рокот до кој треба ЕУ и САД да постигнат специјален договор за трговијата. Ако не се договорат, секоја страна ќе воведе свои самостојно подготвени царини и други мерки.

The post ЕУ се подготвува за одговор на царините од Трамп: Ако сака војна, ќе добие војна! appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа