Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна

Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Целулитот не исчезнува за еден ден. Но со малку трпение и овој домашен пилинг, со сигурност за брзо ќе се ослободите од него.
Целулитот е честа состојба на кожата која обично е предизвикана од таложење на маснотии. Маснотиите прават кожата да изгледа нерамномерна. Но, не се само жените со прекумерна тежина кои можат да имаат целулит – и слабите жени страдаат од овој проблем. Иако оваа појава е почеста кај жените, сепак може да настане и кај мажите.
Со овој домашен пилинг и масирање на кожата ќе успеете да ја ублажите појавата.Еве како да го направите овој пилинг:
измешајте ¼ шолја кафе со 2 лажици маслиново масло и 3 лажици топла вода. Оставете го ова да отстои 10 минути, дозволувајќи му на кафето да впие вода. Нанесете го пилингот на местата со целулит и масирајте пет до десет минути со циркулациони движења. Исплакнете со топла вода.
Кофеинот во кафето помага за проширување на крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова заедно со антиоксидансите во кафето помага ефикасно да се ублажи целулитот.

The post Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro