Почеток БАЛКАН Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.
Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

– Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип.

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек.

The post Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro