Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните медиуми.
Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите, јави Нова.рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.
Според информациите на „Новости“, пак, тела на најмалку три загинати лица се извлечени од урнатините.
Најмалку тројца загинати во Нови Сад по уривањето на настрешницата на железничката станица
Она што е алармантно е дека објектот на Железничката станица, која се реконструираше, беше свечено отворен на 5 јули годинава.
Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска се урна а, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).
View this post on Instagram
The post Железничката станица што се урна во Нови Сад беше свечено отворена на 5 јули годинава appeared first on Република.