1
На 20.07.2025 во 15:10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари извршен е службен разговор со А.Б.(46) и К.М.(26) од Скопје, по претходна пријава од 44-годишна поранешна сопруга на А.Б., која пријавила дека претходниот ден околу 19:00 часот во домот на А.Б. во Шуто Оризари, била физички нападната од него и од К.М., која што употребила и дрвен предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.