5
Жена од Скопје на возраст од 68 години вчера пријавила во полициска станица во Скопје дека е измамена за 215 илјади денари.
– Измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Жена на возраст од 68 години измамена да вложи 215 илјади денари во наводни крипто валути appeared first on Локално.