Почеток МАКЕДОНИЈА Жена прегазена во Охрид: Пренесена во болница со тешки повреди

Жена прегазена во Охрид: Пренесена во болница со тешки повреди

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Стружанка е тешко повредена во синоќешната сообраќајна несреќа во  Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила кога на крстосницата на булеварот Туристичка и улицата Дејан Војвода  во Охрид  на неа удрил „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки. Возилото го управувал  З.С.(43) од село Лешани, општина Дебарца.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (43) , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид “, информираше МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

The post Жена прегазена во Охрид: Пренесена во болница со тешки повреди appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro