2
Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите. Центрите за социјална работа се соочуваат со недостиг на кадар, а дел од нив не ги исполнуваат условите за обезбедување ефикасна заштита на жртвите.