Кумановската полиција информира дека жител на Куманово со возило марка „фолксваген пасат“ удрил во двјца малолетни велосипедисти кои се подготвувале во рамкиите на европските младински олимписки игри.
– Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село. Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
The post Жител на Куманово удрил двајца млади олимпијци со „фолксваген“ appeared first on Локално.