Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Заврши реконструкцијата на „Градечки мост”

Заврши реконструкцијата на „Градечки мост”

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со 10,5 милиони денари од ТАВ програмата на Владата извршена е реконструкција на „Градечки мост“ на Крива Река, лоциран кај градскиот парк, во центарот на градот.

– Нов, модерен лик го краси „Градечки мост”. Заврши реконструкцијата на мостот, проект вреден 10.500.000 денари, финансиран од ТАВ програмата на Владата. Реконструкцијата опфати: репарација на конструкцијата на мостот, поставување нова ограда, зајакнување на одредени елементи на мостот, поставување пристапна рампа од страната на магистралата А2 и поставување нова електрика и ново, модерно осветлување на мостот. Со реализацијата на овој проект продолжуваме да креираме нов и модерен лик на централното градско подрачје, каде што се врши реконструкција на сите пет големи мостови на Крива Река, за што вкупната инвестиција изнесува околу 40.000.000 денари – информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Од проектите за обнова, реконструкција и модернизација на петте мостови, завршени се т.н. Виолетов мост и Градечки мост, а останува да се реализира реконструкцијата на „Шанин мост”, „Соларски” и „Осички мост”.

Средства за проектите се обезбедени минатата година од Владата и тоа: 26.600.000 денари за „Шанин мост“, „Виолетов“ и „Осички мост“, а 14.000.000 денари од ТАВ програмата за „Соларски мост“ и „Градечки мост“.

Во општината во централното градско подрачје во тек е и проектот за реконструкција на главната улица „Св.Јоаким Осоговски “, на потегот од населбата Единство до „Соларски мост“. Проектот е вреден 40.000.000 денари, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски. Фаза -2 од проектот е завршена, додека во тек се градежните активности од фаза -1 , на потегот од крстосницата кај градскиот музеј до „Соларски мост“, каде што е предвидено да биде изграден и кружен тек.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro