Почеток МАКЕДОНИЈА Заврши реконструкцијата на просториите за продолжена настава во Штип – започнува едносменска настава

Заврши реконструкцијата на просториите за продолжена настава во Штип – започнува едносменска настава

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Заврши реконструкцијата на просториите за продолжена настава во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип. Проектот, кој беше реализиран на барање на родителите, веќе ги користат 80 ученици. Министерката за образование, Весна Јаневска, и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денеска го посетија објектот во Ново Село, каде што со поддршка на Министерството за образование се инвестирало во подобрување на условите за настава.

Јаневска истакна дека инвестицијата е дел од иницијативата за воведување на едносменска настава, која ќе придонесе за поголема социјализација на учениците, заштеда на ресурси и решавање на проблемот со вишокот наставници. Таа додаде дека до сега 150 училишта во земјата преминале на едносменска настава и дека анализата на условите за преостанатите училишта продолжува.

Градоначалникот Јорданов се заблагодари за поддршката и нагласи дека со средства од Министерството се реконструираат и други објекти, како спортската сала во гимназијата „Славчо Стојменски“ и во ООУ „Димитар Влахов“.

The post Заврши реконструкцијата на просториите за продолжена настава во Штип – започнува едносменска настава appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro