Почеток МАКЕДОНИЈА Завршува „есенската кошничка“, во случај на ново поскапување следуваат ригорозни мерки

Завршува „есенската кошничка“, во случај на ново поскапување следуваат ригорозни мерки

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Премиерот Мицкоски и министерот за економија и труд Дурмиши, најавија воведување поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените.

Со владината одлука од 20-ти септември, на листата на есенската кошничка се 73 производи, леб, тестенини, брашно, пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи.

Од владата очекуваат од ноември да има дополнително намалување на цените, со примената на законот за нефер трговски практики, кој предвидува повеќе од 2 илјади и 500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 насто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro