Едно лице загина во тешката сообраќајка што се случи вчера во Битола.
Како што соопшти МВР, о 12.39 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола.
Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола.
Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола.
The post Загина битолчанец во директен судир на две возила appeared first on Република.