Почеток МАКЕДОНИЈАЗагина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излета од коловозот на автопатот Табановце Куманово и почина на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош информираше полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција.

Увид извршила екипа на кумановската полиција.

Текстот Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа