Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, утре со почеток во 11.15 часот на Школка во Парк организира отворен настан во чест на октомври – месецот за подигнување на свесноста за рак на дојка. Едукативни содржини од страна на наши доктори-онколози, практично применливи содржини во кои можете да земете активно учество и да доживеете едно ново искуство во однос на советување и лајф коучинг, да учествувате во хуманитарен базар, да добиете симболични подароци и да уживате во прекрасна музика. Настанот ќе го води актерот Игор Ангелов.
Многу би ни значело ако со вашето присуство дадете поддршка на сите жени со рак на дојка во борбата за подигнување на свесноста за оваа болест, поддршка во превенцијата и раната дијагностика! – велат организаторите.
Агенда за настанот:
11:45-12:00 ч. – Воведна најава за настанот – Игор Ангелов
12:00-12:30 ч. – Настап на женски хор „Фрида“ (под раководство на уметничкиот директор и диригент – Сузана Турунџиева)
12:30-12:40 ч. – Претставување на ХЕМА-ОНКО Пеперутки – Игор Ангелов
12:40-12:50 ч. – Обраќање до присутните од ХЕМА-ОНКО Пеперутки
12:50-13:05 ч. – Едукативно обраќање – Асс. Д-р Гордана Петковска – ЈЗУ УК за Радиотерапија и онкологија
13:05-13:20 ч. – Едукативно обраќање – Др. Даниела Попоска (специјалист по онкологија и радиотерапија од „Аџибадем Систина“)
13:20-13:35 ч. – Мотивациски говор – Др. Жарко Костиќ
13:35-13:50 ч. – Магистер по јавно здравје – Др. Митов
13:50-14:00 ч. – Едукативно обраќање – Асс. Д-р Наташа Толеска Димитровска, специјалист по торакална хирургија
14:00-14:10 ч. – ТВ водител и негувател – Јулија Мациевска
14:10-14:30 ч. – Настап на Зоран Рудан Цеки (музичар, пејач, кантавтор)
The post Заедно во превенција и свест за рак на дојка – утре на Школка во Градски парк first appeared on УМНО.МК.