Почеток МАКЕДОНИЈА Заменичката на главниот портпарол на ЕК ветува дека за Фон дер Лајен проширувањето е врвен приоритет

Заменичката на главниот портпарол на ЕК ветува дека за Фон дер Лајен проширувањето е врвен приоритет

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.

– Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, за што дававме и докази во текот на првиот мандат (на ЕК), а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.

Четиридневната турнеја на Фон дер Лајен низ земјите од Западниот Балкан, почнува се нејзина посета на Тирана, каде попладнево ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа, утре и со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Од Тирана, Фон дер Лајен утре ќе допатува во Скопје на средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, по што попладнето ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави.

The post Заменичката на главниот портпарол на ЕК ветува дека за Фон дер Лајен проширувањето е врвен приоритет appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro