Општина Гази Баба започна со мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри на две локации, од кои едната е урбана средина (населено место Железара) и рурална средина (населено место Јурумлери) со цел добивање на компаративна анализа на квалитетотна воздухот во урбана и рурална средина.
Мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во сите временски сезони во текот на една година.
– Мерењета се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци МКС EN 14907:2006, а потоа ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување и да се направи ккомпарација на изворите во урбаната и руралната средина. По завршување на годишниот мониторинг ќе се направи Конечен извештај од кој ќе произлезат предлог мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух – информираа од општина Гази Баба.