Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика во Прилеп

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика во Прилеп

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи денес во 20:30 часот, на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“.

Манифестацијата „Звуците на градот“ веќе неколку години предизвикува интерес не само кај жителите на Прилеп туку и пошироко.

Пред присутните ќе се претстават групи што ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања, преку песна, оваа вечер ќе ги пренесат женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, октетот „Прилеп“ и КУД „Пензионер“.

Како што велат од НУЦК „Марко Цепенков“, ова ќе биде уште една убава музичка вечер, традиција што продолжува.

The post „Звуците на градот“ – вечер на староградска музика во Прилеп appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа