Почеток СВЕТЗеленски: Во третата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на враќање на воените заробеници и киднапираните деца

Зеленски: Во третата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на враќање на воените заробеници и киднапираните деца

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски рече дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.

Нашата агенда е јасна: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на состанокот на лидерите“, напиша Зеленски на платформата Икс“.

На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Москва го поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека сè уште не е договорен датум.

Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.

Со месеци, Зеленски повикува на средба со рускиот претседател Владимир Путин, кој систематски избегнува директно учество во преговорите.

Текстот Зеленски: Во третата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на враќање на воените заробеници и киднапираните деца е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа