Почеток СВЕТЗеленски: На преговорите со Русија им е потребна повеќе динамика

Зеленски: На преговорите со Русија им е потребна повеќе динамика

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Мировните преговори со Русија имаат потреба од повеќе динамика, напиша на социјалната мрежа Х украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој напоменува дека побарал од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, да го забрза процесот.

Двајцата разговарале за „работата на Советот за национална безбедност и одбрана и на Штабот на главниот командант, како и за личните задолженија во сферата на одбраната и преговорите.

„На прво место, продолжуваме да работиме со партнерите во врска со договорите за вооружување. Траба да го исполниме целосно секој договор со нашите партнери за достава на оружје, како и новите специјални договори за создавање заеднички производства и изградба на производствени капацитети на територијата на партнерите“, наведува украинскиот претседател.

The post Зеленски: На преговорите со Русија им е потребна повеќе динамика appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа