Почеток СВЕТ Зеленски повика на нови санкции за Северна Кореја откога таа испрати војници во Украина

Зеленски повика на нови санкции за Северна Кореја откога таа испрати војници во Украина

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да воведат нови санкции против Северна Кореја откако, како што наведе, таа земја стана учесник во војната во Украина, борејќи се на страната на Русија.

Зеленски, во говорот пред парламентот, каде што го презентираше својот „план за победа“ во војната, рече дека украинските разузнавачки служби дошле до сознание дека Северна Кореја ја снабдува Русија со оружје и дека ги испраќа своите војници на боиштата во Украина. , објави Ројтерс.

Украинскиот претседател тврди дека граѓаните на Северна Кореја работат во руски фабрики и се борат на страната на Русија, што значи, како што наведе, во војната против Украина се вклучила уште една земја.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека сојузниците на Киев треба да одговорат на тие потези на Северна Кореја, вклучително и воведувањето нови санкции против Пјонгјанг.

Вашингтон тврди дека Северна Кореја ја снабдува Русија со балистички ракети и муниција.

Кремљ ги отфрли обвинувањата дека Северна Кореја испратила војници да се борат во Украина на страната на Русија, нарекувајќи ги „лажни вести“.

Текстот Зеленски повика на нови санкции за Северна Кореја откога таа испрати војници во Украина е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro