6
Слаб земјотрес со јачина од 2, 1 степени по Рихтеровата скала попладнево е регистриран во Македонија. Според евиденцијата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 18:32 часот според локално време. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 12 километри североисточно од Демир Капија, на длабочина од пет километри.
The post Земјотрес регистриран во Македонија first appeared on Скопје1.мк.