4
Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во областа Монтелцифон во провинцијата Кампобасо, на околу 20 километри од Термоли, покажуваат податоците на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Епицентарот на земјотресот, кој е регистриран околу еден час по полноќ, бил на длабочина од околу 18 километри, јавува Анса.
Во моментов нема информации за штети или повредени, наведува италијанската агенција.
The post Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер ја погоди јужна Италија appeared first on Локално.