Почеток СПОРТ Зидан постави два услови, а англискиот гигант мора да ги исполни!

Зидан постави два услови, а англискиот гигант мора да ги исполни!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Како што стојат работите, прашање на време е кога Ерик тен Хаг ќе стане поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед. Фаворит да стане негов наследник до пред неколку часа беше Томас Тухел, но тој ја прифати понудата да биде нов селектор на Англија.

Таквата информација беше причина за да се вклучи алармот на „Олд Трафорд“ бидејќи сите се надеваа дека тој ќе стане нов менаџер, ко-сопственикот на „црвените ѓаволи“, Сер Џејмс Ретклиф тргна во нова потрага.

Како што пренесуваат Англичаните, Ретклиф одлучил дека ќе даде се од себе за да го убеди легендарниот Зинедин Зидан да ја преземе клупата на најтрофејниот клуб во Премиер лигата.

Наводно, Зидан им поставил два услови на челниците на Манчестер Јунајтед, а доколку бидат прифатени, тој ќе стане нов менаџер на овој клуб.

Имено, Французинот не зборува добро англиски, а комуникацијата му е многу важна, па на тоа треба да се работи во наредниот период.

Покрај тоа, Зидан сигурно ќе сака гаранции дека во овој клуб може да го доведе секој фудбалер што ќе посака.

Ситуацијата во Манчестер Јунајтед со години не е добра и нивото на доведени играчи не го следи нивото на клуб каков што е тимот од „Олд Трафорд“.

Секако, Јунајтед и понатаму е фудбалски гигант, но на теренот во моментов играчите тоа воопшто не го покажуваат.

Токму тоа би биле двата услови на Зидан, односно комуникација и гаранции дека во клубот може да донесе кого сака.

Инаку, Зидан е невработен од 2021 година, кога го напушти тимот на Реал (М) со кој освои три титули во Лигата на шампионите.

Од почетокот на сезоната клупата го тресе Тен Хег, а како што стојат работите ќе дојде време тој и Манчестер Јунајтед да се разделат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro